Корисни информации

Закон за јавно здравје

Закон за здравствената заштита

Закон за евиденциите во областа на здравството

Препораки за патници

Иинформација за патници кои патуваат во земји за кои е неопходна превентивна здравствена заштита

Проверете дали земјата каде сакате да патувате се наоѓа на една од наведените листи под А и Б .

Доколку земјата во која сакате да патувате се наоѓа на една од наведените листи, со цел да го заштитите сопственото здравје  и здравјето на најблиските обратете се до најблискиот Центар за јавно здравје и почитувајте ги дадените препораки од здравствените работници.

A. Листа на држави за кои е неопходна превентивна здравствена заштита, согласно документот на СЗО “Меѓународно патување и здравје“ од 2012 година

(тропски и карантински болести)

Авганистан
Алжир
Ангола
Арапска Република
Аргентина
Азејберџан
Бангладеш
Белисе
Бенин
Бутан
Боливија
Боцвана
Бразил
Брегот на Слоновата Коска
Буркина Фасо
Бурунди
Вануату
Венецуела
Виетнам
Габон
Гамбија
Грузија
Гана
Гватемала
Гвинеја
Гвинеја-Бисао
Гвајана
Демократска Народна Република Кореа
Демократска Република Конго (Заир)
Доминиканска Република
Еквадор
Ел Салвадор
Екваторијална Гвинеја
Еритреа
Ерменија
Етиопија
Замбиа
Зелено'ртски Острови
Зимбабве
Индија
Индонезија
Иран
Ирак
Источен Тимор
Јемен
Јужна Африка
Камбоџа
Камерун
Кенија
Кина
Киргистан
Колумбија
Коморски острови
Конго
Костарика
Лаос

Либерија
Мадагаскар
Малави
Малезија
Мали
Мавританија
Мајот (француски територијални колективитет )
Мексико
Мароко
Мозамбик
Мијанмар (порано Бурма)
Намибија
Непал
Никарагва
Нигер
Нигерија
Пакистан
Панама
Папуа Нова Гвинеја
Парагвај
Перу
Република Кореа
Руанда
Сао Томе и Принсипе
Саудиска Арабија
Сенегал
Сиера Леоне
Сирија
Сомалија
Судан
Суринам
Свазиленд
Таџикистан
Танзанија, Обединета Република
Тајланд
Того
Турција
Туркменистан
Тувалу
Узбекистан
Филипини
Француска Гвајана
Хаити
Хондурас
Централно Африканска Република
Чад
Џибути
Шри Ланка

 

Граѓанитеод општините на кои што функционира ЦЈЗ Струмица кои патуваат во земји од листата„ А" , каде што постои ризик од инфекција со тропски и карантински болести (пример: маларија, жолта треска, колера и друго.), пред нивното патување да се пријават во Центарот за јавно здравје Струмица, каде ќе ги добијат потребните информации и здравствени совети за превентивни мерки пред патувањето во овие земји, соодветна профилактичка терапија или вакцинација, доколку е потребна пред патувањето, за време на престојот и по враќањето од земјите наведни во листата.

Б. Листа на држави со ендемска / епидемиска форма на полиомиелитис – детска парализа:

Пакистан
Авганистан
Нигерија
Сомалија
Кенија
Камерун
Етиопија
Сириската Арапска Република

Сите лица кои патуваат во земји каде што е регистрирана ендемска појава на полиомиелитис ( болеста е постојано присутна) и епидемискa појава на полиомиелит (моментално се присутни активни епидемии на полиомиелитис), (листа Б ), потребно е пред патување да се обратат во регионалниот Центар за јавно здравје односно во Центарот за јавно здравје Струмица.

Патниците кои патуваат во овие ризични земји, во 10-те регионални Центри за јавно здравје/нивните подрачни единици, односно во Центарот за јавно здравје Струмица, може да ги добијат информации за потребата од преземање на превентивни мерки во врска со патувањето, стручен совет за постапување/однесување при патувањето и соодветна вакцинација за заштита од полиомиелит –детска парализа ,при нивниот престој во овие земји.

Сите патници кои патуваат во и од региони зафатени со полиомиелит, треба да бидат соодветно вакцинирани.

Пред патување во региони каде има регистрирани случаи на полиомиелит, патниците треба да се осигураат дека ја имаат комплетирано вакцинацијата против ова заболување, согласно националниот календар за имунизација.

Патниците кои одат во земји зафатени со полио, а кои претходно примиле три или повеќе дози на орална полио вакцина (OPV) или инактивирана полио вакцина (IPV), исто така треба да примат една доза од вакцината пред поаѓање.
Патниците кои одат во земји зафатени со полио, а кои претходно не биле вакцинирани, треба да бидат примовакцинирани (да ја добијата комплетната серија на примовакцинација, која се состои од три дози на полио-вакцина, на расојание од 4 недели), пред поаѓањето.
Совет до сите патници е да го носат со себе вакциналниот картон, Меѓународниот сертификат за вакцинација и профилакса, IHR 2005 ,бидејќи може да им се бара доказ за вакцинација против полио при влез во некои земји.