Print this page
Вторник, 09 Април 2024 09:03

7 АПРИЛ СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО Featured

„ Моето здравје, мое право“.

           Низ светот, правото на здравје на милиони луѓе од година во година e се повеќе под закана.

Болестите и катастрофите се причина за смрт и инвалидитет кај луѓето.

Конфликтите ги уништуваат животите на луѓето, предизвикуваат смрт, болка, глад, психичка вознемиреност.

Согорувањето на фосилните горива ја потикнува климатската криза и ни го одзема правото да дишеме чист воздух, па оттука, загадувањето на воздухот во затворен простор и надвор одземаат живот на секои 5 секунди.

Советот на Светската здравствена организација за економија на здравјето за сите утврди дека најмалку 140 земји го признаваат здравјето како човеково право во нивниот устав. Сепак, земјите не донесуваат и не спроведуваат закони за да обезбедат нивното население да има право на пристап до здравствените услуги.

Ова го поткрепува фактот дека најмалку 4,5 милијарда луѓе – повеќе од половина од светското население – не биле покриени со основните здравствени услуги во 2021 година.

За да се одговори на овие видови предизвици, темата на Светскиот ден на здравјето за 2024 година е „ Моето здравје, мое право“.

Овогодинешната тема има за цел и се залага за правото на секој, секаде да има пристап до квалитетни здравствени услуги, образование и информации, безбедна вода за пиење, чист воздух, добра исхрана, квалитетно домување, пристојни работни и еколошки услови и слобода од дискриминација.

Април 2024 година