Print this page
Петок, 08 Март 2024 07:11

НАЦИОНАЛЕН МЕСЕЦ ЗА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА ЗА РАКОТ НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО - МАРТ 2024 ГОДИНА Featured

 

НАЦИОНАЛЕН МЕСЕЦ ЗА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА ЗА РАКОТ НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО - МАРТ 2024 ГОДИНА

 

 

Историја на националниот месец на свеста за рак на дебелото црево

Според Американското здружение за рак, секој може да развие рак на дебелото црево, но некои од водечките ризик фактори се:

  • Исхрана богата со црвено месо (како што се говедско, свинско, јагнешко или црндроб) и преработено месо (виршли и сувомеснати производи).
  • Возраста и пушењето се исто така фактори на ризик. Најдоброто нешто што можете да направите за да го избегнете овој рак е да останете активни, да не пушите, да јадете повеќе зеленчук наместо црвено месо и да правите редовни прегледи на дебелото црево, почнувајќи од 45 години или помлади, доколку имате семејна историја.
  • Ракот на дебелото црево се лекува и не мора нужно да има смртен исход. Причината зошто ракот има поголема смртносткај возрасните во САД, е затоа што 20-25%, од пациентите се метастазирани во моментот на поставување на дијагнозата, што значи дека ракот веќе се проширил на други делови од телото. Сепак, ова може да се излечи со низа достапни опции за третман, вклучувајќи операција за отстранување на ракот, хемотерапија и терапија со зрачење, во зависност од тоа колку е проширена болеста.

Кои се раните знаци за рак на дебелото црево?

Многу луѓе со рак на дебелото црево немаат никакви симптоми во раните фази на болеста. Сепак, некои симптоми вклучуваат постојана промена во навиките на дебелото црево, вклучувајќи дијареа или запек или промена во конзистентноста на столицата; Ректално крварење или крв во столицата; Постојана абдоминална непријатност, како што се грчеви, гасови или болки; Чувство дека цревата не се празнат целосно; Слабост, замор или необјаснето губење на тежината.

Колку е лош ракот на дебелото црево?

Ракот на дебелото црево е смртоносен, но е еден од најлесните за откривање и во најраните фази, е еден од најизлечливите видови на рак.

Пет факти за ракот на дебелото црево:

  1. 1.Едно лице може да има рак на дебелото црево, без симптоми.

Според асоцијацијата за рак на дебелото црево, пациентите на кои им е дијагностициран рак на дебелото црево често немаат никакви симптоми.

  1. 2.Ако сте родени во 1990-тите

Имате двојно поголем ризик од рак на дебелото црево и четири пати поголем ризик од рак на ректумот од оние родени во 1950-тите години. Ова е разочарувачка статистика за сите родени во овој период.

  1. 3.Ракот на дебелото црево се јавува во семејството

Луѓето со родител, брат, сестра или дете,заболени одрак на дебелото црево, имаат два или три пати поголем ризик да развијат рак на дебелото црево, во споредба со оние кои немаат семејна историја на болеста.

  1. 4.Тоа е третата водечка причина за смрт кај младите возрасни

Во 2020 година имало околу 18.000 случаи на колоректален карцином дијагностицирани кај луѓе под 50 години, што е еквивалентно на 49 нови случаи дневно.

  1. 5.Скрининг

Во САДод средината на 1980-тите, стапката на инциденца на рак на дебелото црево се намалува, но и возраста на скринирање се намалува. Ова се должи на зголемената свест на граѓаните, но стапката на скрининг се уште останува ниска, особено кај оние кои немаат здравствено осигурување.

Зошто е важен месецот за рак на дебелото црево

  1. a)Болеста може да се спречи. Колку порано се открие ракот, толку се поголеми шансите лицето да го победи. Затоа раното откривање е толку важно.
  2. b)Иако е смртоносна болест, тоа е болест која може лесно да се открие и да се лекува.Хирургијата е примарна форма на третман и дава добри резултативо приближно 50% од случаевите.
  3. c)Канцерогениот полип може да потрае 10 до 15 години, пред да се развие во рак. Со редовен скрининг, лекарите можат да ги отстранат полипите пред да прераснат во рак.

Скрининг и рана детекција на рак на дебелото црево во Република Северна Македонија

Главна цел за спроведување на скринингот и раната детекција на рак на дебелото црево е намалување на морбидитетот и морталитетот во РСМ, од рак на дебело црево. Стратегијата за подобрување на раното откривање на ракот на дебелото црево подразбира и подoбра информираност на населението за значењето на раното откривање на ракот и едукација на здравствениот кадар за самата програма.

Целта е да се намали морталитетот со ракот на дебелото црево. Да се редуцира инциденца, да се зголеми пропорцијата на рано откриени случаеви со рак на дебелото црево од 14% до повеќе од 50%, за 10 години и да се подобри квалитетот на живот на заболените како и да се намалат трошоците за третман на заболените од рак на дебелото црево.

Во март здружени даваме надежи се залагаме за подигање на свесноста!

Подготвил: Д-р Петар Пецев - Специјалист по Социјална медицина и јавно здравје