Print this page
Недела, 09 Ноември 2014 17:04

Социјална медицина

Социјална медицина

Социјалната медицина како наука ја анализира здравствената состојба на населението и ризиците кои негативно делуваат на здравјето, системот и организацијата на здравствената заштита, како и можностите  за примена на современите текови на науката во системот на здравствена заштита. Тоа е и основната дејност на овој отсек од Центарот за јавно здравје Струмица.

Најважните области на работа кои произлегуваат од дефинираните надлежности на на овој отсек од Центарот за јавно здравје Струмица се:

  • Следење, анализа и проценка на здравствената состојба на населението, откривање и проучување на здравствените проблеми и здравствените ризици кај населението, утврдување на други нарушувања од социјално-медицинскозначење и предлагање мерки за нивно подобрување; 
  • Пратење, анализа и проценка на:
    • однесувањето на поединците и одделни групи од населението поврзани со здравјето, со здравственaта култура и состојбата наначинот и квалитетот на живеење, воопшто, како и пратење,
    • на состојбите и ризиците во животната средина во корелација со здравјето на населението;
  • Следење, проучување и евалуација на:
    • организацијата на системот на здравствена заштита, обезбеденоста со здравствени установи, опрема и кадар,
    • нивното работење и развојот на здравствените служби и услуги со цел да се предлагаат мерки за постојано подобрување на здравствената заштита од аспект на зголемена ефективност и ефикасност; 
  • Следење и анализа на:
    • бројот и структурата на вработените во здравството,
    • планот за професионален развој,
    • степенот на обезбеденост на  населението со добро обучени здравствени работници и современи услуги и
    • предлагање мерки насочени кон корисниците на услугите за подобар пристап до истите; 
  • Се превземаат и активности за промоција на здравјето и активности за  одбележување на  Светскиот ден на здравјето, Светскиот ден на борба против пушењето, малигните заболувања и заболувањата на кардио-васкуларниот систем.
  • Соработување и партнерство со локалната самоуправа за развој на општините со цел да се идентификуваат и да се решаваат здравствените проблеми на населението и да се подобри степенот на знаење и едукација на поединците во корист на здравјето. 
  • Професионално учество во стручни тела на локално, регионално ниво и на ниво на Републиката; 
  • Анализирање и предлагање на мерки во итни состојби и вонредни јавно-здравствени околности преку следење, анализа и контрола на ризиците и заканите по јавното здравје.