Print this page
Недела, 09 Ноември 2014 13:55

Испитување на храна

Лабораторијата за испитување на намирници ја следи и оценува хигиенската исправност на храната и предметите за општа употреба согласно со законските прописи. Овие испитувања се извршуваат за различни типови на храна и намирници, како млеко и млечни производи, мелнички производи, кондиторски производи, месо и месни производи, масти и масла, производи од зеленчук, мед, кафе, какако и чаеви, безалкохолни и алкохолни пијалоци, производи од овошје и друго.

Микробиологија

Во рамките на овој отсек се извршува бактериолошка анализа на прехранбени продукти од производство и промет (по налог на инспекција и по барање на странки), како и микробиолошка анализа на брисеви од работни површини, испироци од раце и испитувања присуство на бактерии во воздух, во индустриски и работни организации, болнички објекти и друго.

Овој отсек за извршување на своите задачи поседува современа, компјутеризирана опрема и апаратура.

Издавањето на резултати е компјутеризирано со дадени и референтни нормативи.